Фудбалскиот репрезентативец на Албанија, Мирлинд Даку, се обрати на социјалните мрежи во обид да се извини за пцуењето на Македонците преку мегафон по натпреварот со Хрватска во Хамбург на Европското првенство во Германија, без да ги спомне тие што тешко ги навреди.
„Прво, сакам да им се заблагодарам на сите оние кои нè поддржаа во добрите и во тешките моменти на ЕП 2024.
Како и кај секој фудбалер, во тие моменти емоциите се на друго ниво, што може да се разбере само на теренот, тешко е да се опише чувството да се игра за оваа репрезентација, за овие прекрасни навивачи кои ни даваат неограничена љубов, бидејќи тоа е и нашето мото ‘Сакај ја Албанија без граници’.
Чувствувајќи ако навредив некого по мечот со Хрватска, афектот на играта си го зема својот данок, продолжувам да работам заедно со целата група за нашите соништа.
„Простувањето е машки и чувствувам морална и професионална обврска да го сторам тоа, за сите оние кои се повредени“, порача Даку на полуписмен англиски јазик.






