“Ако има закон за бранители, треба и за припадниците на УЧК” – “Вреди” најави разговори со ВМРО-ДПМНЕ

Коалицијата Вреди ќе разговара со ВМРО-ДПМНЕ за Законот за бранители. Тие стојат на ставот дека ако се донесе таков закон, требало да се донесе и закон за припадниците на УЧК.



„Како партнер мора да седнеме и да разговараме, ако има решение тоа да биде взаемно, односно да има решение за двете страни. Ќе направиме напори да го спречиме и ќе разговараме како коалициски партнери Вреди и ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Арбен Таравари од Вреди.

Како што рече тој, законот влегол во собраниска процедура од средината на јануари годинава кога технички премиер беше Талат Џафери, а на власт беа ДУИ и СДСМ, и додава дека не треба да се манипулира јавноста поради тоа.

„Законот бил предложен кон средината на јануари годинава кога премиер беше Талат Џафери и на седницата на Собранието кога требаше да бидат разрешени двајцата министри Фатмир Меџити и Азир Алиу. Тогаш реагираше пратеникот Халил Снопче кој побара да не се гласа за овој предлог-закон за да влезе на дневен ред, но тогаш ДУИ не расправаше ниту се обиде да го спречи да влезе во процедура“, рече тој во интервју за Алсат.

Инаку од Вреди вчера порачаа дека нема да дозволат усвојување на овој закон доколку истиот не биде во пакет со законот за решавање на статусот на војниците од поранешната УЧК.

Инаку од Вреди вчера порачаа дека нема да дозволат усвојување на овој закон доколку истиот не биде во пакет со законот за решавање на статусот на војниците од поранешната УЧК.