Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека амбасадорите на Шведска, Финска, Холандија, Хрватска и Бугарија гласале против отворањето на кластерот 3 од преговорите на Србија со ЕУ.
„Ќе видиме дали ќе биде, имаме уште седум дена. Следната недела нашите унгарски пријатели повторно ќе го стават на дневен ред. Ако биде- биде, ако не- здравје. Им благодарам, јас знам с’е, рекол Вучиќ.
Тој уште додаде:
„Да ме праша Господ што им згрешивме на Бугарите, немаше да знаел да го објаснам. Изгледа разбирам кои се вистинските причини, иако никогаш нема да ги слушнеме.
А, за Хрватите се’ ми е јасно, немам проблем да сфатам. За нас има две важни вести – да продолжиме да се бориме и да разговараме со сите нив“, рече Вучиќ.
Според него, исклучително позитивно е, посочува, што Германија е апсолутно за отворање на кластерот 3, додека Франција и Италија беа и остануваат за тоа.
Следната расправа за отворањето на кластерот би можела да се одржи на 11 декември. Меѓувладината конференција на која би се отворил кластерот треба да се одржи во неделата меѓу 16 и 20 декември.
За Србија, на маса е Кластер 3 – „Конкурентност и инклузивен раст“ во кој се групирани осум поглавја, од кои пет се веќе отворени пред да биде воведен концептот кластери со новата методологија.






