За МАНУ е потребен вредносен критериум, а не етничка припадност, вели академик Влада Урошевиќ за Телевизија 24. Потврдува, дека имало кандидати Албанци кои биле одбиени за прием во академијата, но вели – многу повеќе Македонци останале пред вратата на МАНУ за членство.
Според Урошевиќ, ако се одбие кандидат Албанец, не значи дека има отпор кон Албанците, туку дека кандидатот не ги исполнил условите. Во академијата има место само за оние кои кои го заслужиле тоа со своите достигнувања, вели академикот.
– Процедурата е доста комплицирана. Секако дека имало кандидати Албанци кои не поминале во процедурата – тоа е точно. Но, многу, многу повеќе има кандидати Македонци, кои исто така не поминале. Доста е тешко да се исполнат тие услови, признавам. За мене, за прием во академијата, останува единствено – вредносен критериум. Она што вреди треба да влезе, без оглед на националната, верската и другата припадност – вели Влада Урошевиќ академик МАНУ.
Академик Урошевиќ вели дека повеќе години би претставник на МАНУ во Меѓународната асоцијација на академии и вообичаено е во една земја да постои само една национална академија. Тврди, дека Албанци имало и на високи позции во академијата.
– Во една земја постои само една национална академија, која како таква ја претставува државата во европската и другите меѓународни асоцијации на академии. Можам да ви речам дека во составот на МАНУ, имало повеќе членови со албанска етничка припадност. Двајца биле и потпретседатели на акдемијата. Имало и членови од албанската национална заедница и како членови надвор од работниот состав – додава Урошевиќ.
Параралелната акемија која ја бара владиниот коалиционер Вреди, е неприфатлива за владејачката ВМРО-ДПМНЕ, опозициската СДСМ, но и за ДУИ.





