„Како и да биде, во каква и да е форма, кој и да се обиде да ја врати ДУИ во Владата – тоа е неможно. Шансите ДУИ да се врати во Владата се еднакви на шансите закопан мртовец да стане и да оживее!“ – им порача Аднан Азизи, организацискиот секретар на Беса, од коалицијата Вреди, на Али Ахмети и неговите сопартијци од ДУИ. Објавата на Азизи на општествените мрежи ја пренесе информативниот портал на албански јазик „Фол“.





