Аздисаниот кадар на СДС Пеце Мирчевски го оштетил буџетот на СОЗР за 29 илјади евра, заради богатење лично и на други лица нему блиски!

„Кадарот на СДС Пеце Мирчевски ја користел СОЗР за личен профит, аздисаност и богатење на нему блиски лица. Тој потрошил десетици илјади евра службени пари за патувања, авио билети и сместувања, кои не биле службени, туку приватни.“ – соопшти владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ истакнува: Кадрите на СДС со години ги користеле институциите на државата за лукративни цели и богатење на лица блиски до врхушката на СДС. Кадарот на СДС Пеце Мирчевски ја користел СОЗР за личен профит и местеле тендери во четири очи од кои потоа дебело профитирале. Пеце Мирчевски го оштетил буџетот на СОЗР за 29.000 евра, потпишувајќи неосновани решенија за резервации на хотели, авионски билети и службени патувања кои не биле оправдани.

Наместо СОЗР да се користи во корист и служба на граѓаните, била користена за богатење на Пеце Мирчевски. Во периодот од 1 јануари 2022 година до 13 јуни 2024 година тој потпишувал повеќепати решенија за резервации на хотели, како и авио-билети за патувања во странство, со образложение дека се работи за службени потреби, иако во реалноста тие патувања не биле поврзани со неговата функција. На овој начин го оштетил буџетот на СОЗР за 29 илјади евра.

Аздисаноста на Пеце Мирчевски одела до таму што се пишувал и како новинар, за да патува во Бугарија, за каде патот и сместувањето му биле платени како на новинар! Мирчевски од СДС, освен што свесно и со умисла извршил службени дејства, кои што не смеел да ги направи, и се расшетувал со народни пари. Користејќи ја функцијата директор, остварувал директна материјална корист за себе и за нему блиски лица.

Одговорност има.