Поради неочекуваните здравствени проблеми на фронтменот на бендот Аеросмит Стивен Тајлер, бендот беше принуден да ги откаже четирите концерти што беа планирани низ Јужна Америка. Концертите требаше да се одржат во Бразил, Чиле, Аргентина и Мексико.
Во изјавата објавена на „Твитер“, се вели дека Тајлер морал да се врати во САД, но не било објавено за какви здравствени проблеми станува збор.

„Многу ми е жал, ми се чини како да сум ве изневерил. Нема да можам да ја продолжам турнејата и морав да се вратам во Америка“, напиша 69 годишниот Тајлер.




