Арбр Адеми од ДУИ изјави дека ВРЕДИ се губитници на парламентарните и претседателските избори и додаде дека Охридскиот договор му го предале на „путинистот Иван Стоилковиќ“.
Според него, актуелната Влада нема легитимитет да ја организира годишнината од Охридскиот договор, а рече дека Стоилковиќ и оваа моноетничка влада ги намалиле средствата за одбележување на годишнината од Охридскиот договор, јавува „Telegrafi“
„Губитниците на претседателските и парламентарните избори, без легитимитет од гласачите, како вазали на ВМРО-ДПМНЕ во улога на вазали и потценувачи на Албанците, го предадоа Охридскиот договор на путинистот Иван Стоилковиќ, исто како што Албанците ги предадоа на Вучиќ и Путин.
Следствено, оваа моноетничка Влада нема легитимитет да ја организира годишнината од Охридскиот договор“ рече Арбр Адеми.






