Англиската пејачка и добитничка на многу награди, Адел за време на првиот настап на стадионот Вембли, на свojата публика и подели писмо во кое им најави дека ова се нејзините последини концертни активности.



“Јас сум домашен тип и многу уживам во мали нешта. Всушност, досега одржав 119 концерти и со овие последните четири, доаѓам до 123 претстави, што беше многу заморно, но прекрасно” напиша Адел, а потоа најави збогување со публиката.
“На оваа турнеја отидов само за вас, и се надевам дека сте задовони од настапите. Сакав последниот концерт да биде во Лондон бидејќи не знам дали некогаш повторно ќе одам на турнеја, па сакав мојот последен настап да биде дома. Ви благодарам на сите кои доаѓавте на моите концерти и за вашата неверојатна љубов и добрина. Ова ќе го паметам до крајот на својот живот. Ве сака – Адел” стои во овјавата на 29. годишната музичарка родена во ЛОндонски Тотенхем.

Дали двата преостанати концерти на Вембли, закажани за денеска и утре навистина ќе се последните од нејзината кариера, останува да видиме во следната година.