Зборувајќи за, како што ја потенцира, бугарската негаторска фашистичка политика кон Македонија, адвокатот Јанаки Митровски во својата последна колумна вели дека ваквата понижувачка политика не е ништо ново од бугарска страна со тоа што македонската Влада овој пат сака да прикаже дека ќе зачува образ и нема да витка кичма како што тие велат.
„И во тоа секако дека имаат масовна поддршка од македонскиот народ. Не е тајна дека огромното мнозинство Македонци го мислат истото што и премиерот кога говори дека Македонија направи и ПРЕМНОГУ отстапки на патот на ЕУ, а за возврат и немаме баш некој фидбек“, коментира Митровски.





