Адвокатскиот тим на прогнозерот Славчо Попоски ја алармирал полицијата и го следи говорот на омраза

Во официјална информација до јавноста прогнозерот аматер за временските неприлики Славчо Попоски јавува дека по говорот на омраза на социјалните мрежи ангажирал адвокатски тим и ја информирал полицијата но засега не поднесува кривична пријава.



,,Почитувани, по сите настани кои ми се случија изминатиот период, односно, бев мета на најголемите навреди кои можат да постојат, исто така и исмејуван и објавуван со мои лични фотографии од фејсбук страници.

Денес (22.1.2025 среда) по разговорот со мојот адвокатски тим, околу овој случај, секако со кој запознаена е и полицијата, донесовме одлука засега да не покренуваме постапка за кривични пријави, меѓутоа, мојот адвокатски тим постојано ќе ја следи состојбата и ќе биде информиран за секоја нова навреда упатена кон мене како јавна личност, упатувам апел до граѓаните да се воздржат од коментирање и користење на погрдни зборови, и доколку се случува ова и понатаму ќе се собираат материјали и нови докази, по што тогаш и официјално ќе следуваат кривични пријави од наша страна. Ви благодарам, со почит кон вас почитувани граѓани”, објави Попоски кој е прогнозер аматер.

Најчитани статии

Новинарот не побара извинување

Златев вџашен од научната недоследност на Најчевска за тврдењето дека Богојески е глуп како точак