Адвокатот на љупчо Палевски, првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевska и на велешенецот Панче Жежовки верува дека неговиот клиент не е виновен.



„Зорица Ѓорчевска во својот исказ не посочи дека го познава Палчо, а не знаеше ни дали нејзиниот сопруг Александар воопшто се познавал со Палчо.

Нејзиниот исказ повеќе се состоеше од тоа како се одвивала потрагата и кои дејствија ги презела таа“ рече адвокатот.

Нема докази, верувам дека ќе ја докажеме невиноста на мојот клиент Љупчо Палевски, изјави денеска адвокатот Марјан Витановски, веднаш по завршувањето на судското рочиште на коешто сведочеа мајката на убиената Вања Ѓорчевска, Зорица Ѓорчевска, како и ќерката и зетот на убиентот Панче Жежовски – Ана Киркова и Тодор Кирков.

„Во однос на оштетената Ана Киркова, и таа не ги познава обвинетите освен Велибор Манев. Не знае за било какви недоразбирања со Палевски, а истото го кажа и нејзиниот сопруг сведокот Тодор Кирков.

Засега, нема ниту еден дел од нивниот исказ кој упатува кон тоа дека Палевски е сторител на кривичните дела.

Ние баравме од оштетената и субјективно мислење дали можеби претпоставува дека можеби нејзиниот сопруг и Палевски биле во некаков контакт, а таа одговори дека не знае за такво нешто, рече Витановски.

Според доказите, постои голема можност обвинетиот Љупчо Палевски воопшто да не биде поврзан со кривичните дела, изјави неговиот адвока. Плусинфо