„Агенцијата за примена на јазиците реагира на изјавата на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, кој во интервју за МИА изјави дека Законот за јазик создал правен хаос и оти треба да се расправа за него и за балансерот, за да се отстранат дилемите. Од агенцијата ја нарекуваат изјавата на Костадиновски ‘опасна авантура’, бидејќи албанскиот јазик во * Македонија е веќе признат како официјален јазик покрај македонскиот.“ – објави ТВ Алсат.
ТВ Алсат пишува: Во однос на изјавата на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски дека со Законот за употреба на јазиците „политиката создаде своевиден правен хаос, што предизвика политички хаос, недоверба, дилеми“, Агенцијата за примена на јазиците реагира: „Таквата изјава претставува многу опасна авантура за * Македонија, бидејќи засега едно од најчувствителните прашања како што е јазикот на една етничка група, имено албанскиот јазик. Тоа е прашање, кое е решено со усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во 2019 година. Овој закон произлегува токму од Охридскиот договор, со кој заврши конфликтот во оваа земја. Тој закон јасно и недвосмислено вели дека друг службен јазик, освен македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, е и албанскиот јазик и неговото писмо. Затоа, секој обид да се промени ова, или да се намали ова основно право е можеби опасен.“
Од оваа Агенција додаваат дека ваквите иницијативи се стари идеи и оти Агенцијата ќе продолжи да ја извршува својата работа, независно од таквите обиди. „Констатацијата на претседателот на Уставниот суд дека овој закон ‘произвел политички хаос, недоверба, дилеми’ сметаме дека е тенденција да се драматизира ситуацијата без никаква реална потреба. Не може да се земе во разгледување иницијативата, која е покрената од, како што вели претседателот на Уставниот суд, ‘граѓани, политички партии, разни здруженија’, бидејќи ним воопшто не им се загрозуваат јазичните права. Ваквите иницијативи се главно политички, националистички и антихумани. Албанскиот јазик им припаѓа на Албанците и не претставува опасност за никого. Стремежот да се исклучува албанскиот јазик од службена употреба е стара идеја, која веќе предизвика тензии и судири.“ – посочува Агенцијата за примена на јазиците.
„Независно од ваквите тенденции, обиди и изјави, кои создаваат тензии, Агенцијата за примена на јазикот ќе продолжи да ја извршува својата работа, како и досега, согласно со Законот за употреба на јазиците, помагајќи им на државните институции во преводот и лекторирањето на разни документи, акти и писма, кои ги исполнуваат барањата и потребите на албанските граѓани во * Македонија.“ – се вели во реакцијата на оваа институција.






