Агенцијата за енергетика стана дел од ресорното министерство

Агенцијата за енергетика и нејзиниот управен одбор престанува со работа, односно се укинува, а вработените по сила на закон ќе бидат преземени од ресорното министерство.



Дарио Николовски досегашниот директор на Агенцијата за енергетика формално ги предаде надлежностите на Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини.

Со овој чин, Агенцијата и нејзиниот управен одбор престанува со работа, односно се укинува, а вработените по сила на закон ќе бидат преземени од ресорното министерство.

Согласно Законот за организација на органите на државната управа и законот за енергетика, Агенцијата за енергетика и целиот нејзин движен и недвижен имот,  се преземени од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.