Агелер, Трипуновски, Љутков и Јанчев закроија винова лоза и наздравија со вино во Кавадарци

Американската амбасадорка Анџела Агелер, како и министрите за земјоделство Цветан Трипуновски и за култура и туризам Зоран Љутков, денеска присуствуваа на закројувањето винова лоза во Кавадарци, во рамките на прославата на празникот Свети Трифун, што се смета за заштитник на лозарите и винарите.



Трипуновски посака успешна и бериќетна година.

– Изминативе месеци како Влада, посветивме сериозно внимание во делот на лозаропроизводството, во делот на виното. Минатата година имавме согласно Законот за вино, цена што беше историски највисока. Тоа е еден показател дека навистина покажуваме „сенс“ во делот на оваа битна гранка. Тука не застануваме. Со редовната исплата на субвенциите што минатата година беа заостанати, продолживме со редовна исплата на субвенциите. Така и денеска на сметките на сите лозари, на повеќе од 11.000 лозари легнаа субвенциите од 2024 година, рече Трипуновски.