Aвтобус на ЈСП претпладнево на раскрсницата пред трговскиот центар Мавровка во Скопје излета од коловозот и се качи на жардиниери. Во моментот на ударот имало патници во горниот дел на автобусот, а како што пренесува 360 степени, возачот изгубил контрола и не можел да управува со автобусот по што удрил во жардиниерата.
Повредени се две патнички, на едната ѝ се слошило, а другата, пак, има повреда на рамото.
https://www.facebook.com/reel/825201159569821

Денеска околу 14.50 часот автобус на ЈСП „Скопје“ се качи на жардинерата вртејќи на крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“ во центарот на градот. Две лица се повредени, соопшти од Министеството за внатрешни работи.
- „Во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на булеварот Гоце Делчев, автобус на ЈСП движејќи се по булеварот излегол од коловозот во близина на клучката со улица Филип Втори Македонски. Еден патник од автобусот и возачот се пренесени в болница за укажување помош. Излезено е на местото на настанот од страна на полициски службеници од СВР Скопје“, велат од МВР.





