Австриец консултант на Заев во криминалниот ФИТР бара санкции од ЕУ за Македонија

Австриски консултант од времето на премиерот Зоран Заев кој одлучувал за финансирање на проекти од страна на Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР) каде во моментов се истражуваат повеќе видови на криминал, бара ЕУ да воведе санкции за Македонија.



Австриецот Гунтер Ферлингер бара Македонија да биде под санкции од Европската Унија затоа што минатата недела била воздржана на гласањето за резолуција за Украина во Обединетите Нации.

Против резолуцијата беше и САД како стратешки партнер на Македонија но Ферлингер не бара санкции и за Америка на Трамп.

Своето барање австриецот го упатува до Високата претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Каја Калас и австриската министерка за надворешни работи Беате Мејн Рајзингер.

,,Цела Европа се залага за Украина на гласањето во ООН минатата недела.
Само Белорусија е руски роб.
Само Србија не гласаше.
Само с. Македонија беше воздржана.
Овие три држави мора да бидат казнети и санкционирани од ЕУ сега”, бара Ферлингер.

Австрискиот неолиберал не открива која е правната основа за воведување на санкции кон Македонија од страна на Брисел.

Ферлингер во 2020 година во Македонија стана познат по глупавиот предлог Македонија да ги укине празниците 11 Октомври, Ден на востанието и 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба за да се одоброволи Бугарија да го тргне ветото за ЕУ.

Поврзана вест

Во ФИТР каде што Ферлингер одлучувал за доделување на пари злоупотребени се 3,2 милиони евра

Може ли Австриецот што бара ЕУ санкции за Македонија да биде гонет за криминалот од 3,2 милиони евра во ФИТР