Ауси Трамп, порано познат како Бен Докинс, е независен член во Горниот дом на парламентот на Западна Австралија .
Промената на името ја направил во знак на протест против австралиската централно-левичарска Лабуристичка партија.
„Покренав политички протест против тиранијата и системската корупција на лабуристичката влада“, напиша тој во објава на X минатата ноќ, потпишувајќи се како Австралиец.
„Тоj само привлекува внимание“, рече за промената на името на денешната прес-конференција премиерот на Западна Австралија, Роџер Кук, кој ја предводи Лабуристичката партија во државата.
„Не сум сигурен колку пониско може да падне“, додаде тој.






