Ѕвездите на светски мега популарната нумера го обвинија претседателот дека нивната песна без прашање е искористена во политички цели. Претседателот на Венецуела во неговото телевизиско шоу минатиот викенд ја претстави преработената верзија на песната. Во променетиот текст Николас Мадуро ги промовира своите планови за формирање на ново контроверзно собрание, кое наскоро ќе биде избрано за да го промени Уставот на сиромашната земја богата со нафта, според неговите желби.



Ова ги вознемири Порториканците Луис Фонзи и Деди Јенки кои веднаш реагираа на социјалните мрежи.

“Во ниту еден момент не беше побарано, ниту беше одобрено да се менува текстот на песната “Despasito”, особено не, да биде користена во политички цели и тоа во несреќната ситуација во која се најде, Венецуела, земјата која многу ја сакаме”, напиша Фонси.

Полека, се гласачкото ливче, а не со пиштол во рацете, дајте го своето мислење, на мирен и спокоен начин … Така звучат сега стиховите на ревидираниот глобален хит “Despasito”. Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро е во обид да ги убеди гласачите да излезат на гласање, но авторите на песните се закануваат со тужба, ако тој продолжи да го користи хитот во политички цели.