Додека „American Made“ пристигнува во кино салите, јавноста е преокупирана со несреќата што се случи за време на снимањето на филмот во 2015. година. Имено, двајца пилоти загинаа на сетот, а нивните семејства сега ги тужат режисерот Даг Лиман (52) и Том Круз (55), кој го игра главниот лик во филмот.
Семејствата, но и Обвинителството тврдат дека режисерот и актерот сакале да снимат премногу сурови акробации во воздух и работеле со брзо и многу напорно темпо.

Пилотот Алан Пурвин неколку недели пред несреќата во која почина, бил во контакт со продуцентите и им објаснил дека не може да издржи во вакви услови и дека тоа е најопасниот проект на кој работел.
„Прашањето е кога ќе се случи несреќа“, напишал Пурвин непосредно пред неговата смрт.
Освен Пурвин, во несреќата во Колумбија, на 11 септември 2015. година, загинал и пилотот Карлос Берл.




