АА на Села: Со продажбата на тетовскиот Монопол Касами ја оштетил општината за 2,1 милиони евра и сторил корупциски скандал

„Градоначалникот на Тетово Билал Касами го измами јавното мислење и манипулираше со продажбатa на поранешната парцела ‘Монопол’, со што на општината и нанесе финансиска загуба од 2,1 милион евра. Ова е чист корупциски скандал и Касами мора да одговара за ова!“ – со овие тврдења се огласи крилото на Зијадин Села во Алијансата за Албанците во своето соопштение, кое го пренесе информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

Во тоа соопштение натаму се наведува: „Како беше спроведена шемата? Наместо прво да го смени Деталниот урбанистички план од зона Г2 (лесна индустрија) во А2 (станбена површина), а потоа да го продаде по реалната пазарна вредност, Касами го продаде имотот од 7 илјади квадратни метри за само 70 денари за еден квадратен метар, или вкупно за 7 илјади евра! Да го продадеше по промена на урбанистичкиот план, општината ќе инкасираше најмалку 300 евра за еден квадратен метар, или 2,1 милион евра.“

„Намерно прикривање на вистината. Касами и општинските власти беа свесни за иницијативата за промена на Деталниот урбанистички план и изградба на колективни станови на ова земјиште, но намерно го продадоа за смешна цена, давајќи му предимство на купувачот, а штета за општината. Касами и општинските власти беа свесни за иницијативата за промена на ПДУ и изградба на колективни станови на ова земјиште, но намерно го продадоа за смешна цена, а на штета за општината.“

„Лицемерие на ‘промената’. Касами не може секогаш да се крие зад ‘минатото’ и поранешните влади, бидејќи тој вети дека ќе донесе промени во Тетово. Во реалноста не само што продолжи со старите практики, туку се однесуваше уште полошо од кој било претседател на општината пред него.“

„Кој имал корист од оваа афера? Кој стои зад оваа сомнителна продажба? Зошто Касами го оштети општинскиот буџет додека Тетово и понатаму останува заложник на долгови?“

„Ова е чист корупциски скандал и Касами мора да одговара за ова предавство кон граѓаните на Тетово!“ – тврди крилото на Зијадин Села во Алијансата за Албанците.